Во периодот од 17 до 23 октомври Центарот за јавно здравје Охрид извршил 126 тестирања за присуство на Ковид 19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Од вкупно тестираните лица, лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 132 лица и тоа кај 86 лица од општина Охрид, кај 33 лица од општина Струга и кај 13 лица од општина Дебар. Во овој период оздравени се 14 лице од Охрид, 19 лица од Струга и 3 лице од Дебар, а починати се 2 лица од општина Струга. Активни случаи во Охрид се 149, во Струга 81, а во Дебар 53. – информира Центарот за јавно здравје.
Статистиката на Центарот за јавно здравје покажува дека бројот на активни случаи во Охрид за една седмица е ресиси двојно зголемен од 78 минатата сабота на 149 денеска.
Од почетокот на епидемијата до 23 октомври лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 1665 лица, од кои кај 582 лица во општина Охрид и Дебрца, 768 лице во општина Струга и Вевчани и 315 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 411, од Струга 617, а од Дебар и Центар Жупа се 247 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 21 починат пациент, од општина Струга се починати 70, а од Дебар и Центар Жупа 15 лица.
OhridNews