Ниту стотината прес конференции, укажувања, молби, апели не помогнаа некои луѓе да сфатат колку е опасен вирусот Ковид 19, разочарано констатираше министерот за здраватво Венко Филипче на прес конференција вечерва. Тој рече дека некои луѓе едноставно не ја прифаќаат реалноста и оти е потребно сите кои можат да влијаат врз нив, да го сторат тоа.

Ако било кога ни било потребно единство во земјата тоа е сега. Не смееме да дозволиме да го оптовариме здравствениот систем. – апелираше Филипче.

Министерот за здравство истакна дека причина за значително зголемување на бројот на заразени од Ковид 19 во земјата е непочитување на мерките за заштита и неказнување на прекршителите, поради што се враќа полицискиот час.

Филипче рече дека многу од новозаразените не соработуваат со епидемиолошките екипи и не сакаат да одговорат на прашањата од здравствената анкета до тој степен што нивното интервјуирање се прави со асистенција на полицијата.

Што се однесува до новиот кластер во кој се познати личности и политичари, министерот Филипче рече дека пратеникот Мухамед Зекири е хоспитализиран, исто така и неговата сопруга и нивнaтa ќеркичка. Тие се во добра, стабилна здравствена состојба, со висока температура, истакна Филипче.

OhridNews