Моментално во изолација, самоизолација и домашно лекување има под 5 000 лица. Тие за да имаат право на глас треба да се пријават на официјалниот сајт од Државната изборна комисија (ДИК), – изјави Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната пресконференција.

Министерот Филипче додаде дека по тројцата доктори ќе има во секоја Општина кои заедно со останатите стручни лица ќе имаат задача да ги контролираат изборите.

Не известија од ДИК дека ќе има симулација на процесот за гласањето со членови на избирачки одбори, набљудувачи и другите чинители согласност протоколот кој Комисијата за заразни болести го изработи. – рече Филипче.

Министерот Филипче изјави дека есенските месеци ќе бидат голем ризик за влошување на состојбата со коронавирусот а исто така наведе дека отворањето на градинките и училишта се ризичен потег.

Затоа се подготвуваме со отворање на нови капацитети во кои ќе можат да се сместат уште повеќе пациенти ако е потребно. – истакна Министерот.

[?Во живо] Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

Posted by Венко Филипче on Monday, July 6, 2020

Филипче инфомираше дека ако е потребно во Охрид, Битола и Тетово во функција на јавното здравје ќе се стават Студентските центри се со цел подобро справување со кризата која ја предизвика вирусот Ковид -19.

OhridNews