Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ од денеска ќе престане да ги оперира кардиоваскуларните пациенти, поради недостаток на лекови и материјали за болните.

„Резервите на потрошни материјали и неопходни лекови за операција на пациентите се речиси при крај. Минимални се  резервите на лекови и материјали кои се неопходни за најтешко болните и најитните пациенти“ се вели во соопштението на болницата.

Фондот за здравство и должи на болницата повеќе од 2 милиони евра, со што, како што велат од таму, ги нарушува нормалните услови на функционирање на болницата.

„Во последниве години, и покрај тоа што бројот на операциите квантитативно се зголемуваше, а со тоа се постигна буквално да не постои листа на чекање, од друга страна соработката со Фондот се повеќе се отежнуваше“ велат од болницата.

OhridNews
извор: „Макфакс“