Монодрамата Филип II, која вечерва ќе биде изведена во рамки на фестивалот Охридско лето, наместо на отворената сцена во предворјето на Света Софија, ќе биде изведена во Центарот за култура, соопшти дирекцијата на фестивалот.

Причина за тоа е променливото време и најавата за дожд во попладневните часови. Поради тоа монодрамата Филип II, во која игра актерот Петар Темелковски, ќе биде изведена во Центарот за култура со почеток во 21 часот.

Ohridnews