Освојувачот на пехарот од Лигата на Шампиони и првакот во Лигата на Европа изминативе години се среќаваа во Монако. Но, Европската куќа на фудбалот од наредната година одлучи Супер купот да се игра во разни градови.
Честа да биде прв домаќин ќе ја има Прага. Домаќините на Супер купот на Европа се одредени до 2015 година, затоа “Филип Втори“ влегува во игра за 2016 година.
– Ќе мораат да се корегираат уште некој покрупни работи на стадионот за да можеме да бидиме домаќини на еден таков величествен натпревар. Мораме да го подобриме пристапот до стадинот, но вреди да се проба и да го оспособиме “Филип Втори“ за фудбалски спектакл – истакна еден соговорник за “Екипа.мк“.