Серијата без пораз на охридските ракометни надежи во Пионерската лига продолжува, откако избраниците на Наум Бабачев на домашен терен со 29-20 (15-9) го совладаа тимот на Филип Вардар од Прилеп.

Со овој триумф пионерите на РК Охрид ја осигураа првата позиција на табелата во една од трите Пионерските лиги во нашата земја.

Добриот почеток во одбрана на домашните ракометари им донесе можност за лесни голови во напад. Во таков развој на настаните Охрид поведе со 5-2, а до полувремето предноста ја зголеми дупло за 15-9 на полувремето.

Во вториот период охридските ракометари продолжија каде што застанаа во првиот и водството го зголемија за три погодоци (19-11) после десет минути игра.

До крајот „златните ракометари“ од турнирот во Златибор рутински ја задржаа предноста и ја забележаа 14-та победа во 15-от натпревар сезонава.

Во листата на стрелци се истакна Наум Костов со осум голови, Мартин Иваноски шест погодоци, Николче Ристески пет и Намик Осман со три. Одличен на голот беше Јован Трајкоски кој собра 13 успешни интервенции.

Во последната рунда од регуларниот дел од сезоната охридските ракометари ќе се сретнат со тимот на Преспа Вардар од Ресен.

Фотогалерија:

 OhridNews