Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески уште една сезона ќе го носи дресот на двократниот европски првак, Вардар.
Договорот на Талески и Вардар истекува сезонава, но двете страни се расположени за нова едногодишна соработка. Талески е мотивиран и посакува да се бори за место во вардаровиот дрес додека на клубот му требаат квалитетни ракометари во ростерот, затоа што ги очекува пеколен натпреваручки ритам следната сезона. Познато е дека од следната сезона Вардар ќе игра на четири фронта, Супер лигата, регионалната СЕХА лига, Лигата на Шампиони и Купот на Македонија.
Талески минатото лето во Вардар се пресели од Балинген и нема сезона за паметење. На моменти играше многу добро, на моменти слабо, а на некои мечеви и воопшто не добиваше шанса.
Вардар од следната сезона ќе има нов тренер, бидејќи сегашниот Стефче Алушовски ќе замине после завршување на тековната натпреварувачка година.
OhridNews