Репрезентацијата на Македонија речиси без борба го положи оружјето против Шведска, која без поголеми проблеми славеше со 32-20 и ги запиша првите бодови на табелата, во фазата по групи на Мундијалот. Еден од оние ракометари кои треба да понесе поголема одговорност и да биде лидер на „новата“ селекција е Филип Талески, кој свесен е дека тој и останатите ракометари не одиграле на потребното ниво.

Нема за што да бараме алиби. Не одигравме како што треба и треба да се соочиме со тој факт. Не бевме борбени во одбрана, прецизни и конкретни во напад. Знаеме дека се очекува од нас да играме добро и да победуваме, но јас барам трпение од јавноста и малку време, бидејќи треба да изградиме нова селекција на Македонија. – изјави Талески.

Шанса за поправен, македонските ракометари ќе имаат утре во дуелот со домаќинот Египет, кој триумфално почна на СП, победувајќи го Чиле.

OhridNews