Поранешниот член на ВМРО-ДПМНЕ и на Обединети за Македонија, Филип Петровски денеска во Скопје со група приврзеници и симпатизери донесоа одлука за основање на партијата Демократска Десница (ДД).
За претседател на иницијативен одбор на партијата едногласно беше избран Филип Петровски, кој пред присутните ги образложи мотивите за основање на партијата, а говореше и целите и задачите на новата партија.
„Одлуката за основање на партијата е израз на дадениот политичкиот момент и е израз на потребата на македонскиот граѓанин да се направат промени кои може да доведат до подобар квалитет на животот“, рече Петровски.
Според него политичкиот систем во државата е блоковски поделен, узурпиран и отуѓен од граѓаните.
„Граѓанинот е на маргините, колективитети доминираат, ставајќи го поединецот во неможност да ја менува живеачката. Ние велиме доста е! Време за нешто ново.“, порача Петровски.
Тој се пожали дека многумина граѓани, иако ја поддржувале Демократската Десница, не се решиле да и пристапат, плашејќи се да не ги загубат своите работни места во администрацијата, а оние што имале приватен бизнис, се плашеле од инспекции.
„За тоа ли го рушевме комунизмот, за да нашите луѓе се плашат да основаат политичка партија и да имаат свој став“, рече Петровски.
ДД е граѓанска партија со десничарска ориентација, која е основа на заедничкото дејствување на сите нејзини членови без оглед на религиозна, полова и етничка припадност.
Меѓу главните приоритети на партијата се демократскиот развој и социјалниот просперитет на државата, нејзино зачленување во ЕУ и НАТО, воздигнување на достоинството и духовните вредности, функционирање на правната држава, слобода на говорот, градење добрососедски односи и обезбедување на економско-социјална сигурност.
Во врска со најавените протести во општина Битола за 15 март во однос на локацијата за регионалната депонија во општина Новаци, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дек...
Пред почетокот на туристичката сезона директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Билјана Стефаноска оставри состанок со хотелиерите од Охрид и Струга Од Агенцијата посочу...
Добра вест Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“ Бележиме скок од 10 места на Индексот за демократија за 2024 година на листата на „Економист“, наоѓајќи се на 62 ме...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.