Долгогодишниот тренер на Женскиот ракометен клуб Лихнид, Филип Јовановски ќе биде дел од стручниот штаб на Ракометниот клуб Охрид предводен од Раде Стојановиќ.
Јовановски кој во минатото го носеше дресот на охридскиот ракометен клуб ќе има улога помошник тренер во екипата на Стојановиќ. Во текот на оваа недела клубот треба да го продолжи договорот со тренерот на голманите Зорче Георгиески со што ќе го заокружи тимот.
Нов договор потпиша и Наум Бабачев-Бабак, кој ќе ги води младинските катеогории во клубот.
Првиот состав на РК Охрид полека се екипира и за брзо време ќе биде комплетиран целиот ростер со кој клубот ќе се бори за што повисок пласман на табелата во Супер лигата.
OhridNews