Во 1990 година на фестивалот „Златно славејче“ пијанистот од светски рамки Симон Трпчевски, тогаш 11-годишен, ја изведе песната „Чудна случка“.

„Чудна случка“ е инспирација и за малиот Филип Нелоски од охридско Оровник, кој ја препеа популарната детска песничка.

Филип инаку, го изучува инструментот гитара во музичко училиште, а иако го влечат природните науки, во иднина вети дека ќе продолжи да се занимава со музика.

К.А./А.М./К.С.