Филип Милошевски е новиот генерален секретар на Ракометна федерација на Македонија. Милошевски функцијата генерален секратер ја работеше по преземањето на претседателското место на Живко Муакетов, а на седницата од Управниот одбор официјално беше избран за секретар на најпопуларниот спорт во Македонија.

Тој на функцијата го наследува староседелецот Марјан Начевски, кој поднесе оставка веднаш по изборот на новиот претседател

– Главната цела на новата структура во федерацијата е кревање на ракометот во Македонија на едно повисоко ниво. Во овие две недели кога бев В.Д. секратар многу клубови ме контактираа и ми сугерираа за нивните проблеми. Ние ќе направиме се да ги остраниме и да го одведеме македонскиот ракомет на прави патеки –
рече Милошевски за “Екипа.мк“ по изборот за генерален секратар на РФМ.

Ракометната федерација на Македонија за само месец дена ја промена целата структура почнувајќи од претседател, селектор и промените завршија со назначување на нов секратар.

Мх.П.