Доскорешниот капитен на Ракометниот клуб Вардар, Филип Лазаров кариерата ќе ја продолжи во Романија во екипата на Политехника Темишвар.


31-годишниот репрезентативец на Македонија по завршувањето на сезоната го напушти Вардар, откако клубот не му понуди продолжување на соработката.

Левиот бек во Темишвар ќе настапува заедно со репрезентативниот колега голманот Златко Даскаловски, кој од 2014 година е во овој тим.


Лазаров во кариерата има настапувано за Металург, ПЛЕР Будимпешта, Пелистер и Вардар.

OhridNews