Охридските ракометари походот кон трето учество на завршниот турнир во Купот на Македонија го продолжуваат утре, со полуфиналната средба против Струга, во рамките од четвртфиналната група. „Езерското“ дерби ќе го даде првиот патник во финалето од четвртфиналната група, а вториот финалист ќе биде подобриот од дуелот Бутел Скопје – Јуниор КВ. Најдобриот од четвртфиналната група заедно со победниците од трите преостаните групи ќе бидат учесници на завршниот турнир во Купот на Македонија.

Победата во пресметката со Пролет ни ја врати самодовербата во екипата и ни симна голем притисок од нашите плеќи. Струга е дел од плејофот, што значи дека е квалитетна екипа и никако смее да се потцени или пак, да се слави победи пред време. Ние сме благи фаворити и се надевам дека сето тоа ќе го потврдиме на теренот, – рече црногорскиот интернационалец во охридските редови Филип Кривокапиќ.

Вклучувајќи ги мечевите од Купот на Македонија и натпреварите од плејофот, Охрид, за кратко време ќе одигра пет добри и квалитетните мечеви со најдобрите екипи од Македонија.

Клупската цел е пласман во топ 4 и местата кои во водат во Европа, но нема да се откажеме од Купот на Македонија, затоа што сакаме да победуваме во секој натпревар. Мислам дека од финалниот натпревар кој е во четврток до мечот со Металург ќе има доста време да се одмориме, што значи дека нема да се штедеме, – истакна Црногорецот.

„Гладијаторите“ двете досегашни учества на завршницата од Купот на Македонија ги завршуваат во полуфиналната фаза. Во 2016 година од Охрид подобар беше Вардар, а година дена подоцна поуспешен беше Еурофарм Пелистер.

 

OhridNews