На два дена до почетокот на сезоната во Супер лигата, Ракометниот клуб Охрид доведе нов играч во своите редови. На „гладијаторите“ им се придружи средниот бек Филип Кривокапиќ.
23-годишниот црногорски интернационалец треба да ја засили бековската линија и да биде опција плус за стратегот на охриѓани Раде Стојановиќ. Кривокапиќ, одредено време тренираше со екипата пред да биде ставен потписот за соработка.
„Гладијаторите“, новата сезона во македонскиот ракометен шампионат ја почнуваат в сабота (19 часот) со средбата против Пролет на гостински терен.
OhridNews