Поранешниот младински репрезентативец Филип Ивановски е еден од двајцата ракометари кои го засилија составот на Охрид во зимскиот преоден рок. Голманот го замени Мартин Јовановски, кој се врати во Пелистер. Ивановски во Охрид пристигна од Еуфорам Работник, а официјално деби ќе има во популарното „Езерско“ дерби.

  • Како голем љубител и чинител во ракометот многу читав за „Езерското“ дерби. Како ракометар многу сакам предизвици, а моментално мислам дена нема поголем да браниш за Охрид во Струга. На клубот му се потребните бодови и нема дилеми дали ќе одиме на победа. Публиката, навивачите и позитивната тензија пред секое дерби е добро дојдена. За секој ракометар и спортист е голем мотив да игра или брани пред полна сала и фантастична атмосфера. – изјави Ивановски.

Во Охрид се пресели и десниот бек Стефан Трпчевски, кој минатата полусезона го носеше дресот на Струга. Дуелот во СРЦ „Тими“ ќе се одигра в сабота со почеток во 19 часот.

OhridNews

Крсте Андоновски: Одиме на победа!