Поранешниот чешки репрезентативец, а сега актуелен тренер на германскиот бундеслигаш Кил, Филип Јиха допатува во Виена. На европските првенства тој постигнал 131 постигнат погодок, а трет е по бројот на одиграни меча воопшто за Чешка.

Две сезони Јиха и македонскиот капитен Лазаров ја делеа соблекувалната во Барселона триумфирајќи во шпанската лига и купот.

Кире е вистинска ракометна легенда, не само во Македонија, туку светски бренд. Денот кога тој ќе се повлече од активното играње ќе биде тажен ден за светскиот ракомет. – рече Јиха.

На свои 40 години македонскиот репрезентативец Кире Лазаров одигра уште едно ЕП на високо ниво. На трите одиграни натпревари капитенот постигна 22 погодоци.

OhridNews