Неодамнешните настани во регионот на Западен Балкан создадоа основа за проширување во втората половина на 2011. година, оцени еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Филе наведе дека во регионот е постигнат напредок, наведувајќи ги како примери финишот на хрватските преговори со Европската унија(ЕУ), апсењето и екстрадицијата на Ратко Младиќ, како и позитивниот исход на изборите во Македонија.

„Тоа создаде основа за проширување за втората половина на годината, кога Европската комисија(ЕК) ќе ги подготвува извештаите за напредокот“, рече Филе.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон им порача на земјите од Западен Балкан дека и без оглед на сите предизвици и тешката работа на патот кон ЕУ, по зачленувањето ги чека уште повеќе работа.

OhridNews
извор: Makfaks