Филаделфија иглс го совлада Канзас Сити Чифс со 40:22, спречувајќи ги да го освојат историскиот трет последователен Супербол и да ја освојат шампионската титула во професионалната американска фудбалска лига (НФЛ). Ова е втора титула за иглси во клупската историја, додека Канзас Сити остана на четири титули.
Пред две години, истите екипи се соочија во финалето на плејофот, а „шефовите“ беа подобри во натпревар со голем број поени и многу загубени топки. Такви беа очекувањата во пресрет на Суперболот во Њу Орлеанс. Наместо тоа, „орлите“ доминираа. Натпреварот го реши одбраната на Филаделфија, која блескаше во текот на целиот натпревар, особено во првото полувреме кое Филаделфија иго доби со 24:0.
Бекот на Филаделфија Џејлен Хертс беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на Супербол, откако собра 221 јарди и две додавања за тачдаун.
Натпреварот во живо на Супердом го следеше Доналд Трамп, кој со тоа стана првиот актуелен американски претседател кој присуствувал на најголемиот спортски настан во САД. Исто така, тоа беше 11-ти пат Њу Орлеанс, најголемиот град во американската сојузна држава Луизијана, да биде домаќин на Суперболот, а осми пат се играше на Супердом.
Американскиот рапер Кендрик Ламар, кој неодамна ја освои Греми за најдобра песна на годината на 67. доделување на престижните музички награди, настапи на полувремето. Ламар се смета за еден од највлијателните хип-хоп артисти на неговата генерација, со 22 Греми покрај неговото име. Гостин му беше ритам и блуз кантавторката Солана Имани Роу.
OhridNews