Фил Колинс кој има 60 години се повлекува од светот на музиката засекогаш и оди во пензија. Музичарот таква одлука донел порад здравствените проблеми и лошите критики кои ги добива во последно време. Колинс за списанието „Тајм’ изјавил дека повеќе не припаѓа на тој свет и дека мисли како на никого нема да му недостига.
Речиси целосно го изгубил слухот, а поради оштетените нерви престанал да свири тапани бидеќи не можел да ги држи палките во рацете. Покрај тоа, музичарот има проблеми и со р’бетот, поради што тешко се движи. Тој во својата кариера е добитник на седум награди Греми. Зад себе има три пропаднати бракови и пет деца.