Македонија е последно пласирана во најслабата група од Европскиот куп во атлетика. На натпреварите од Б-групата во Втората лига на ЕК во Зеница, Македонија го освои последното, 14то место во машка и во женска конкуренција. Пред Македонија се пласираа тимовите на Азербејџан (8), Грузија (9), Ерменија (11), Луксембург (7), но и Асоцијацијата на мали европски земји, ААССЕ. Ова е најслабиот пласман на Македонија во ЕК. Во минатата година во машка конкуренција бевме претпоследни, а во женска последни.
Првак во машка и во женска конкуренција на натпреварувањето во Зеница, е Турција, а на второто место е Хрватска. Кај мажите трет е Кипар, а кај девојките Швајцарија. Прво и второпласираните обезбедуваат учество во повисок ранг на натпревари. ЕК по квалитет е поделен на Супер, Прва и Втора лига. Првата и Втората лига имаат А и Б квалитетна група.
Кристијан Ефремов постави нов македонски младински рекорд на 400 метри со пречки. Патеката ја мина за 1:00,72 минута. Тој го собори 17 години стариот рекорд на Игор Сегедински (1:00,93), соопштија од АМС. Ефремов се пласира на 10. место во оваа трка.
Далибор Спасовски го освои 7. место на 400 метри, а охриѓанецот Реџеп Селман 9 место во трискок, Дејан Ангеловски беше 10. во фрлање копје, а Васил Најдов 9. во фрлање диск.
Александра Војнеска го освои 10 место на 100 метри, Радмила Соколовска 7 во копје, Ирена Темова 8 во скок во височина. Овие се единствените пласмани во „топ тен“ на македонските натпреварувачи во Зеница, од експедицијата со 30 атлетичари и атлетичарки.
М. Постоловски