Легендарниот португалски фудбалер, Луис Фиго, ги објави имињата на националните сојузи кои ја поддржале неговата кандидатура за претседател на ФИФА. Меѓу оние кои ја поддржале кандидатурата на екс играчот на Барселона, Реал и Интер се наоѓа и Фудбалската федерација на Македонија.

 

Покрај ФФМ, Фиго во неговата намера да стане претседател на ФИФА се и Фудбалските федерации на Данска, Луксембург, Црна Гора и Полска.

Изборите за новиот претседател на ФИФА ќе се одржат на 29.мај во Цирих, а рокот за поднесување на кандидатурите истече во четвртокот, кога во трката се вклучи и актуелниот претседател 78-годишниот Сеп Блатер.

Покрај Фиго и Блатер за изборите се кандидираа првиот човек на Холандската федерација Мајкл ван Праг, јорданскиот принц Али Бин ел Хусеин и поранешниот член на Извршниот одбор на ФИФА Жером Шампањ.

„Макфакс“