Американскиот рапер Фифти Сент се придружил на акцијата на светската програма за храна која им помага на жртвите од гладот во Сомалија и Кенија. Популарниот музичар го посетил сомалискиот град Доло каде изминативе години се преселиле десетици илјади деца и жени бегајќи од гладот од кој умреле илјадници луѓе ширум земјата.
Раперот ветил дека ќе обезбеди милијарда оброци за гладните, како и дека на организацијата ќе и подари по десет центи од секоја продадена лименка од енергетскиот пијалок “Street King”, кој тој го промовирал. Обединетите Нации минатата седмица прогласиле крај на шестмесечното гладување во Сомалија, иако илјадници луѓе и понатаму зависат од помошта во храна како би преживеале. Според податоците на британската влада, во оваа африканска земја од глад умреле помеѓу 50 и 100 илјади лица.