Еден од најпознатите рапери Фифти Сент завршил во болница, а бидејќи сака да се фотографира и фотографиите да ги објавува на Твитер, неговите обожаватели имале можност да го видат во болнички кревет, и на изненадување, покрај плишани играчки. Најчесто се фотографирал со злато и пари, но овој пат ги изненадил фановите со слики покрај плишани играчки.

Причината за хоспитализирањето сеуште не е позната, но неговиот продуцент изјавил дека имал проблеми со желудникот. Се чувствувал добро и не било ништо сериозно. На обожавателите им порачал дека се наоѓа во болница, но и дека неговиот албум “Lost tape” ќе излезе на време.