Популарниот американски рапер, Фифти Сент, соопштил дека прави филм заснован на неговиот последен албум. Пејачот, чие вистинско име е Кертис Џексон, објавил дека има две идеи и ги замолил обожавателите да му помогнат. Имено, на својот твитер профил напишал дека пишува уште еден филм и дека се за него ќе објави кога ќе го објави и својот нов албум.
За својот нов филм, Фифти Сент ветил дека ќе биде десет пати подобар од остварувањето “Before I Self Destruct”, кое беше неговото прво остварување како сценарист и режисер. Тој 2010 година го напишал трилерот „Gun“, во кој глуми Вал Килмер, а неговиот нареден филм “Things Fall Apart” во кината би требало да се појави на крајот на оваа година.