Раперот Фифти Сент изгубил спор на суд, кој го водел со хај тек компанија која се занимава со производство на слушалки. Според одлуката на судијата, сега мора да плати 16 милиони долари. Раперот речиси една година минал на суд со некогашните бизнис партнери, за на крај да биде донесена одлуката, но не во негова корист.
Имено, компанијата “Sleek” направила договор со музичарот за производство на слушалки кои тој би ги рекламирал. Направиле дизајн и вложиле повеќе од милион долари во проектот. Меѓутоа, рпаерот во меѓувреме склопл договор со друга компанија и го пласирал производот. Првобитната компанија тврдела дека го искористил веќе направениот дизајн за кој тие вложиле пари. Судијата се сложил со нивните тврдења.