Познатиот американски рапер Фифти Сент бил шокиран од пресудата со која му е одредено да плати пет милиони долари оштета поради невкусна шега. Пред неколку години се докопал до секес снимка на Ластонија Левинстон, мајка на детето на неговиот заколнат непријател Рики Рос, па одлучил да се пошегува на негова сметка. Одлучил таа снимка да ја објави на социјалните мрежи, а во видеото додал и различни навреди на нејзина сметка.

 

Раперот долго ликувал поради тоа, а потоа стигна и тужбата. Левингстон го обвинила дека поради објавувањето на снимката патела од напнатост и несоница, како и дека размислувала за самоубиство. Судот на крај пресуди во корист на Ластонија, па му нареди на познатиот рапер да и плати пет милиони долари оштета.