Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја одложи одлуката за суспензија на Израел. Палестина испрати барање за суспензија на оваа земја, но ФИФА таа одлука ќе ја донесе дури по Олимписките игри во Париз.
ФИФА објави дека двете страни побарале повеќе време за да подготват одбрана на своите позиции.
Палестинскиот фудбалски сојуз уште во мај испрати барање и побара Израел да биде суспендиран од сите натпреварувања поради конфликтот што моментално се случува меѓу овие две земји.
По барањето за продолжување од двете страни, кое беше одобрено од ФИФА, потребно е повеќе време за да се заврши овој процес со должно внимание и комплетност, соопшти ФИФА, додавајќи дека одлуката ќе биде позната до 31 август.
Олимписките игри во Париз почнуваат на 26 јули, а завршуваат на 11 август. Фудбалската репрезентација на Израел обезбеди учество во машка конкуренција на најголемиот светски спортски настан.
OhridNews