Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави извештај, кој укажува на пораст на бројот на навреди што фудбалерите ги претрпеле на социјалните мрежи за време на меѓународните натпреварувања и претстави план за дејствување.
Пет месеци пред почетокот на Мундијалот во Катар, ФИФА ги здружи силите со Меѓународниот синдикат на фудбалери (ФИФпро) „за да осмисли план за заштита на екипите, играчите, судии и навивачите од навреди на социјалните мрежи“, се наведува во соопштението за јавност.
Извештајот, објавен по повод Меѓународниот ден на борба против говорот на омраза, проучува повеќе од 400.000 пораки објавени на социјалните мрежи за време на полуфиналето и финалето и ЕУРО2020 и Африканскиот куп на нации 2022.
Повеќе од половината играчи добиле навреди, кои во најголем дел пристигнале од нивни сонародници. Хомофобичните (40 отсто) и расистичките (38 отсто) коментари претставуваат мнозинство од случаите, се наведува во извештајот на ФИФА и ФИФпро.
OhridNews