Светската фудбалска организација (ФИФА) поднесе тужба до швајцарските судови во обид да си врати 2 милиони швајцарски франци, кои сметаат дека поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер му ги исплатил на Мишел Платини кој беше на чело на УЕФА.

ФИФА поднесе тужба пред швајцарските судови за враќање на сумата од 2 милиони франци исплатена од г-динот Џозеф Блатер до Мишел Платини во февруари 2011 година. Ние со нашиот статут сме обврзани да се обидеме да си ги вратиме нелегално исплатените средства. – гласи во објавата на ФИФА.

Блатер и Платини беа суспендирани во 2016 година поради „подарокот“ кој Блатер му го даде на Платини, нешто што швајцарскиот Врховен суд го прогласи за корупција. ФИФА вети дека ако ги врати парите, заедно со каматата од последните осум години, тие ќе бидат наменети за развој на фудбалот.

OhridNews