Италија предлага експеримент на младинското првенство. ФИФА размислува за враќање на стариот формат на определување офсајд во фудбалот. Се разгледува опција, во која офсајд позиција ќе се смета само кога ќе има видлив јаз помеѓу играчот во нападот и дефанзивецот, објави „Скај спорт Италија“.
Сегашното правило е дека напаѓачкиот фудбалер се смета за офсајд, ако соиграчот започне со додавање, а кој било дел од телото, освен рацете, на офанзивецот е поблиску до гол-линијата отколку последниот противничкиот играч, вклучувајќи го и голманот.
Италијанската фудбалска федерација предложи да се тестира иновацијата од следната сезона во младинскиот шампионат до 18 години со вклучување на судии од Серија Ц.
Претходно, во Италија првпат беше тестирана ВАР технологијатa.
OhridNews