Претстижната награда „The Best“ која ја доделува Светската фудбалска организација (ФИФА) за најдобриот фудбалер и фудбалерка замина во рацете на Роберт Левандовски односно Луси Бронз.
Левандовски во трката за признанието од ФИФА беше подобар од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, додека Бронс до најголемата награда стигна доминатно пред ривалките Пернил Хардер и Венди Ренар.
За најдобар тренер одбран беше Јирген Клоп, пред Флик Ханс од Баерн Минхен и Марсело Биелса од тимот на Лидс.
Наградата „Пушкаш“ која се доделува за гол на годината му припадна на Хонг Сон Мин, кој постигна спектакуларен погодок на дуелот Тотенхем – Барнли.
- Идеалниот тим за 2020 година:
Голман: Алисон Бекер
Одбрана: Александер-Арнолд, Ван Дајк, Рамос, Дејвис
Среден ред: Кимих, Де Брујне, Тиаго Алкантара
Напад: Меси, Левандовски, Роналдо
OhridNews