Единствената надеж за македонски преставник на мундијалот во Бразил 2014 година пропадна во вода. Светската куќа на фудбалот (ФИФА) на списокот судии кои ќе ја делат правдата на СП не го стави македонскиот интернационален  арбитар Александар Ставрев.


Ставрев сезонава правдата ја делеше во Лигата на шампиони, a судеше и во осминафинални натпревари во Лигата на Европа, но сето тоа не беше доволно ФИФА да го стави македонскиот судија на листата арбитри за светскиот собир на фудбалските ѕвезди.


До мундијалот во Бразил преостануваат уште 15 месеци, но ФИФА полека се подготвува и од 156 судии кои се најдоа на првиот список тој ќе биде скратен, а во земјата на кариоките ќе патуваат само најдобрите.


Од Балканскиот полуостров на списокот од ФИФА се најдоа српската тројка на чело со Милорад Мазиќ додека од Словенија е повикан само еден судија и тоа познатиот Дамир Скомина.

Мх.П.