Во своето соопштение објавено на Сајтот на ФИФА , светската и европската фудбалска федерација повторно се осврнаа на ситуацијата во македонскиот фудбал и му изразија безрезервна подршка на актуелното раководство осудувајќи ги сите илегални активности кои можат да доведат до суспензија на македонскиот фудбал од меѓународната сцена.

ФИФА И УЕФА се информирани дека на 14. Април 2007г. мал број на делегати одржале состанок со цел да дискутираат за смена на сегашниот и легално избран Претседател на ФФМ, г-дин Хари Хаџи-Ристески и да организираат изборна конференција на 19.Мај 2007г.

ФИФА и УЕФА сакаат да подвлечат дека такви состаноци не се во согласност со статутот на ФФМ и затоа секоја одлука или акција превземени од илегални тела против легално избраното раководство, или администрацијата на ФФМ нема да биде прифатено ниту на национално, ниту на интернационално ниво.

Таквите илегални акции се сериозен прекршок на статутите на ФИФА и УЕФА ( член 17 од статутот на ФИФА и член 7 од статутот на УЕФА) и може да доведе до суспензија на ФФМ и како последица забрана за учество во било кое меѓународно натпреварување.

Соопштението јасно го потврдува ставот на ФИФА и УЕФА веќе изразен на 22. Март 2002г. од страна на претседателот на светската федерација, Сеп Блатер и првиот човек на УЕФА, Мишел Платини, кога тие му изразија целосна подршка на легално избраното раководство на ФФМ и го осудија мешањето на македонската влада во фудбалот.

Двете тела повикуваат делегатите во Македонија да се обединат и да ги решат проблемите, подобро со дијалог отколку преку илегални активности.

М.Постолоски