Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска на неодредено време ја суспендираа Босна и Херцеговина од сите натпреварувања поради тоа што националниот сојуз на оваа земја не го усвои статутот кој е во согласност со правилата на двете организации.


Во соопштението од ФИФА и УЕФА двете организации изразија жалење поради одлуката, како и дека „час поскоро“ ќе се одржат состаноци за изнаоѓање на решение БиХ да се врати во „фудбалското семејство“.

ФИФА и УЕФА минатата година побараа Фудбалскиот сојуз на БиХ најдоцна до 31 март 2011 година да усвои нов статут, според кој со сојузот ќе претседава само еден човек, а не тричлено претседателство.

На вонредната седница на Фудбалскиот сојуз на БиХ одржана на 29 март новиот статут не беше усвоен, што автоматски ја повлече суспензијата на БиХ од сите натпреварувања, додека ниту еден функционер од БиХ нема да може да учествува во работата на фудбалските организации.

“Извор Макфакс“
Ohridnews