ФИФА го одби барањето на Фудбалската асоцијација на Република Ирска да се преигра реванш натпреварот за пласман на Светското првенство во кој Франција и Ирска одиграа 1:1 па патот во Јужна Африка го обезбедија “триколорите” кои израмнувачкиот гол го постигнаа на нерегуларен начин.



“Не е возможно да се одигра нов натпревар бидејќи тоа ќе доведе до целосен хаос во светскиот фудбал. Правилата се јасни и не може поради грешка на судијата да се поништи мечот” – изјавуваат извори од ФИФА.