Светската фудбалска организација (ФИФА) ја објави листата со десет фудбалери и тренери од кои ќе ги одбере најдобрите за минатата натпреварувачка сезона.
Листата на фудбалери очекувано ја предводат Кристијано Роналдо и Лионел Меси а го нема ланскиот освојувач Лука Модриќ. ФИФА во изборот не вклучи фудбалер од Манчестер Сити кој ја освои титулата во Премиер лигата а симпатизерите на фудбалот реагираат и за изостастување на голманот Алисон Бекер. Останатите осум фудбалери се Френки де Јонг, Матијас де Лихт, Еден Азард, Хари Кејн, Садио Мане, Мо Салах, Килија Мбапе и Вирџил ван Дајк.
На листата има тренери и селектори а како главни фаворити се споменуваат Пеп Гвардиола кој го предводеше Манчестер Сити до титулата во Премиер лигата, Јирген Клоп кој го искачи Ливерпул на тронот во Лигата на Шампиони и тренерот на Ајакс Ерик тен Хаг кој внесе нова крв во холандскиот фудбал. Покрај овие тројца се најдоа уште Маурицио Почетино од Тотенхем, селекторите Фернандо Сантош, Тите и Дидиде Дешамп и Џамел Белмади, Марсело Гаљардо и Рикардо Гарека.
Бранителот на трофејот помеѓу тренерите е Дешамп, кој наградата ја доби после освојувањето на Мундијалската титула во Русија.
OhridNews