Познати се имињата на играчите кои се номинирани од страна на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за наградата фудбалер на 2021 година.
Номинирани се: Карим Бензема (Франција, Реал Мадрид), Кевин де Брујн (Белгија, Манчестер сити), Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус/Манчестер јунајтед), Ерлинг Холанд (Норвешка, Борусија Дортмунд), Жоргињо (Италија, Челзи), Нголо Канте (Франција, Челзи), Килијан Мбапе (Франција, ПСЖ), Роберт Левандовски (Полска, Баерн Минхен), Лионел Меси (Аргентина, Барселона/ПСЖ), Нејмар (Бразил, ПСЖ), Мохамед Салах (Египет, Ливерпул).
Кандидати за најдобри голмани се : Алисон (Бразил, Ливерпул), Џанлуиџи Донарума (Италија, Милан/ПСЖ), Едуард Менди (Сенегал, Челзи), Мануел Нојер (Германија, Баерн Минхен), Каспер Шмајхел (Данска, Лестер).
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 17 јануари 2022 година.
OhridNews