ФИФА денеска ја отфрли жалбата поднесена од Чиле и потврди дека Еквадор останува меѓу учесниците на Мундијалот, чиј домаќин во ноември и декември ќе биде Катар.
Чилеанската фудбалска федерација минатиот месец соопшти оти поседува докази дека Еквадор во јужноамериканските квалификации, наводно, користел играчи, кои не ги исполнуваат условите.
Во жалбата поднесена од Чиле до ФИФА се наведува дека еквадорскиот репрезентативец Бајрон Кастиљо е роден во колумбискиот град Тумака во 1995 година, а не во градот Генерал Виљамил Плајас во Еквадор, во 1998 година, како што стои во негови официјални документи.
По анализа на доставените акти од сите заинтересирани страни и разгледување на предочените елементи, дисциплинската комисија на ФИФА одлучи да ја затвори постапката против Еквадорскиот фудбалски сојуз, се наведува во соопштението на ФИФА.
OhridNews