Светската фудбалска организација (ФИФА), ќе предложи промена на правилото за вкупниот број на измени во еден натпревар. Место досегашните три, ФИФА посакува да воведе пет измени. Последниот збор околу правилото ќе го има Одборот, кој ќе треба да го разгледа и прифати или одбие.

Ваквата промена, ФИФА ја прави со цел да им помогне на екипите, кога ќе продолжат да се натпреваруваат во националните шампионати. Фудбалот е моментално во прекин поради пандемијата на коронавирусот и се очекува да продолжи во летниот период.

Кога натпреварите ќе продолжат, клубовите ги очекуваат многу густ распоред. Со обзир на ситуацијата, ФИФА размислува за помош на екипите. Ние мислиме дека две дополнителни измени ќе бидат добре дојдени за тренерите во текот на натпреварите. – се вели во соопштениет од ФИФА.

Измените, тренерите ќе имаат опција да ги прават во текот на натпревар без рокови и ограничувања. Ова правило, најверојатно, ќе се користи до 31 декември 2020 година и ќе важи во сите натпреварувања.

OhridNews