Фиџи го изгубил документот кој ја потврдува независноста на оваа островска земја во Океанија од Велика Британија во 1970 година, објавила државната радио телевизија. Шефот на владиниот архив навел дека Наредбата за независност, која ги содржи основите на уставот на Фиџи, исчезнал пред пет години.
Документот бил баран насекаде низ архивот и владините служби, но залудно. Документот на властите во Фиџи бил предаден свечено од британскиот принц Чарлс. Владата од Фиџи побарала копија од документот од британските власти. Фиџи на 10 октомври прославил 40 години независност.