Кубанскиот лидер Фидел Кастро е најголемиот љубовник на светот, покажало истражувањето на списанието “The Daily Beast”. Кастро во својот кревет наводно одвел неверојатни 35 илјади жени. Иако неговиот приватен живот бил сокриен од очите на јавноста, познато е дена се женел два пати. Сега е оженет за Даила Сото дел Вале, со која има пет сина.


На второто место со 20 илјади жени е кошаркарот Вилт Чемберлен, додека Ворен Бити е трет со 13 илјади заведени жени. Четврти на листата е Умберто Било, вратар на хотел во Лас Вегас, а по него следува актерот Чарли Шин со 5000 заведени жени. Останатите љубоници кои се нашле на листата се Џен Симонс, Рон Џереми, Хју Хефнер, Џек Николсон, Ерик Клептон и Казанова.