Македонија испадна од трката за организација на дополнителните квалификации за место на Олиписките игри во Лондон, обајви на својата официјална веб страна, Светската кошаркарска асоцијација – ФИБА.
Во игра за организацијата остануваат Литванија и Венецуела. Покрај овие две земји кандидати за домаќини на турнирот беа Македонија и Ангола.
На квалификациите за Олимписките игри во Лондон 2012 година ќе играат 12 репрезентации поделени во четири групи. Трите најдобри ќе патуваат на Олимпијадата во Лондон.
Учеснички на предолимпискиот турнир се: Македонија, Литванија, Грција, Русија, Венецуела, Порторико, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Доминиканска Република, Ангола, Нигерија и Јордан.
Турнирот ќе се одржи на почетокот на јули идната година.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com