На собранието на извршниот одбор на ФИБА, покрај останатите промени, донесени се одлуки линијата за три поени од 6,25 да се помести на 6,75 метри, а рекетот повеќе да не биде трапезоиден, туку во правоаголна форма.
 
Сè уште актуелната оддалеченост на „тројката“ се применува од 1984, а трапезоидниот рекет од 1950 година.

Новите одлуки се донесени во соработка со Кошаркарската федерација на Кина, а ќе се применуваат по Олимпијадата во Пекинг.

ohridnews