Автомобил Фиат 500 во кој се возел папата Фрањо во текот на својата посета на Њујорк, минатиот септемцри, продаден е на аукција за 300 илјади долари, или по 12 пати поголема цена отколку што навистина чини. На аукција го купи милионерот Мајлс Надал, кој во својата богата колекција поседува повеќе од 130 илјади автомобили и мотори, пренесуваат американските портали.

 

Сите пари ќе бидат подарени на католичките училишта и добротворни организации во Њујорк. Првата понуда за автомобилот изнесуваше 10500 американски долари, но набрзо износот се зголеми на 195 илјади долари. На крајот Надал понудил 300 илјади долари и го купил автомобилот, црн Фиат 500.