Светското првенство во атлетика на некој начин беше генерална проба за фудбалскиот Мундијал кој ќе се одржи на крајот од 2022 година во Катар. Впечатоците и оценките од натпреварувачите не се најдобри а од симпатизерите на атлетика нема затоа што трибините зјаеја празни на стадионите.

Атлетичарите најмногу негодуваат за условите. Големата влажноста во возухот не им дава можност да атлетичарите да го пружат најдоброто од сега. Особено на оние дисциплини каде се трча појќе време и требаат перфектни услови.

  • Се чувстуваме како да сме во рерна за печење. Константо чуствуваме замор поради борбата со временските услови. Не можеме нормално да тренираме а не сакам да помислам кога ќе дојде време за натпревар. – изјави францускиот атлетичар во брзо одење на 50 километри.

Фудбалските стручњаци се скептици за Светското првенство во фудбал после оценките и коментарите од атлетичарите. Неколку фудбалери кои ги завршиле кариерата на истокот опоменуваат репрезентациите да бидат подготвени на високи температури и несекојдневни услови за фудбал.

Одбирањето на Катар за домаќин на Светското првенство предизвика голема бура во фудбалот. ФИФА на Катар му излезе во пресрет околу организацијата на  Мундијалот да биде на зима место на лето, но и тоа не се знае дали и колку ќе помогне.

OhridNews