Тенискиот турнир во Задар кој беше во склоп на „Адриа Купот“ е прекинат откако бугарскиот тенисер Григор Димитров беше позитивно тестиран на вирусот Ковид -19.

Финалето во кое требаше да се сретнат Новак Ѓоковиќ и Андре Рубљов експресно беше одложено, а голема паника се уште преовладува во „белиот спорт“ поради ширењето на вирусот.

На тестирање после позитивниот случај на Димитров подлегнале сите тенисери и членовите на стручниот штаб. Позитивни тестови за сега имаат тенисерот Борна Чориќ, еден тренер од стручниот штаб на Ѓоковиќ и еден чле од стручниот штаб на Димитров.

Ѓоковиќ кој беше организиратор на „Адриа Купот“ веднаш заминал во Белград и таму ќе ги изврши потребните тестирања. Јавноста го нападна српскиот тенисер поради организација на турнирот без протоколи и мерки за заштита, во време кога вирусот се уште постои на секаде од светот.

OhridNews