Интер и Ајакс се губитнички екипи после одигрувањето на шестата последна рунда од Е-Х сегментот во Лигата на Шампиони. Интер во мечот да се биде или не, претрпе пораз (1-2) од Барселона на домашен терен, а идентична судбина имаше и Ајакс кој изгуби 0-1 од Валенсија.
Лидерот во Серија А, Интер не успеа да ја совлада Барселона која во Милано допатува без Лионел Меси и останатите квалитетни играчи. Каталонците поведоа со 1-0, а Интер до крајот на првиот дел успеа да изедначи. Во второто полувреме прилики за втор погодок имаа Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку, но не реализираа. На другата страна следеше сурова казна преку Анус Фати кој погоди за 2-1 и го елиминираше Интер.
Минатогодишниот полуфиналист и најпријатно изненадување во Лигата на Шампиони, Ајакс ќе продолжи во Лигата на Европа, откако изгуби во одлучувачкиот натпревар со Валенсија. „Лилјаците“ со еден погодок ја обезбедија победата и пласманот во следната рунда.
Резултати:
Група Е: Наполи – Генк 4-0, Салзбург – Ливерпул 0-2
Табела: Ливерпул 13, Наполи 12, Салзбург 7, Генк 1
Група Ф: Борусија Дортмунд – Славија Прага 2-1, Интер – Барселона 1-2
Табела: Барселона 14, Борусија Дортмунд 10, Интер 7, Славија Прага 2
Група Г: Бенфика – Зенит 3-0, Лион – Лајпциг 2-2
Табела: Лајпциг 10, Лион 10, Бенфика 7, Зенит 7
Група Х: Ајакс – Валенсија 0-1, Челси – Лил 2-1.
Табела: Валенсија 11, Челси 11, Ајакс 10, Лил 1
OhridNews