ФФМ отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, што се случи вчера пред почетокот на натпреварот со Брера што се одигра во Тетово.

За време на минута молк додека играчите на двете екипи на центарот им оддаваа почит на жртвите од катастрофалниот пожар, навивачите на Шкендија од Тетово свиреа и пееја песни, што предизвика револт во јавноста. ФФМ најави санкции, посочувајќи дека за такво однесување нема место во мак-фудбалот.

Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.

ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.

За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.

Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.

Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство.

ФФМ.

Г.М.